Уште осум дена до крајот на пописот

Пописот на населението, домаќинствата и становите се наближува кон крајот. Остануваат уште 8 дена и попишувачите со максимален интензитет ги посетуваат домаќинствата за никој да не биде изоставен и непопишан.

Државниот завод за статистика апелира до граѓаните за трпеливост – попишувачите се на терен и ќе го посетат секое домаќинство.

Одговорите на чувствителните прашања – за етничка припадност, за вероисповед и за мајчин јазик претставуваат  лично чувство на секој граѓанин и попишувачите, не смеат да сугерираат одговори. Попишувачите имаат должност да овозможат увид во внесените податоци, а секој граѓанин треба да го следи процесот на попишување и да гледа што попишувачот внесува во апликацијата. Доколку некој врши притисок по кој било основ, граѓанинот има право да го пријави случајот-се вели во соопштението.

 

 

Коментари

коментар(и)