УЈП ги обучуваше земјоделците за паушално оданочување

„Регистрација и паушално оданочување“ е тема на обуката која денеска ја следеа земјоделците во Даночното одделение при Управата за јавни приходи. Надлежните ги запознаа дека данокот на доход се плаќа паушално, во случај кога приходот од земјоделската дејност не надминува еден милион и триста илјади денари, без оглед дали земојоделството се врши  како основно или дополнително занимање. Тие, најдоцна до 31-ви јануари до УЈП треба да поднесат пријави за регистрација за обврзници и барање за паушално оданочување, за остварени приходи од земјоделска дејност.  Самостојниот даночен советник, Стефан Симоновски информираше дека за регистрираните вршители постојат даночни поволности.

-Ако земјоделската дејност се обавува како основна дејност има целосно ослободување од персоналниот данок за 2015 година до 300 илјади денари. Доколку приходите кои се остварени и се движат над 300 илјади денари до милион и 300 илјади денари предвидени се даночни олеснувања во висина од 80 проценти од остварениот приход односно ќе се плати само 20 проценти од остварените приходи. За субвенциите кои ги доделува државата не се плаќа данок на доход. Доколку се врши земјоделска дејност како дополнително занимање предвидени се даночни олеснувања во висина од 80 проценти од остварениот приход односно ќе се плати само 20 проценти од остварениот приход-нагласи тој.

Условите за паушално оданочување престануваат доколку земјоделецот кој е регистриран како обврзник, а персоналниот данок на доход го плаќа според паушално утврдениот приход, во тек на годината оствари средства од земјоделска дејност над милион и триста илјади денари.

Земјоделците кои имаат приход од 0 денари, не се обврзани да поднесуваат пријава за паушално оданочување.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)