УЈП: Земјоделците да поднесат барање за паушално оданочување

Земјоделците кои оствариле приход до 1.300.000 денари, до 31-ви јануари 2017 година можат да поднесат барање за паушално оданочување до Управата за јавни приходи. Од таму информираа дека процесот е едноставен. Освен барање земјоделците треба да поднесат и пријава за регистрација за вршење земјоделска дејност, која може да ја подигнат на шалтерите.

-Начинот на паушално оданочување земјоделците можеме да ги поделиме во два вида, поточно земјоделци на кои земјоделието им е основна дејност и оние на кои земјоделството им е дополнителна дејност. На првата група поточно на земјоделците на кои што земјоделството им е основна дејност треба да знаат дека вкупниот приход што го имаат остварено во тековната 2016 година доколку не им надминува 300.000 денари тие се ослободени од плаќање на персонален данок на целокупниот износ-истакна Дарко Пачков, даночен советник при УЈП.

Доколку приходот надминува од 300.000 денари до 1.300.000 денари тогаш им се признаваат 80 проценти нормирани трошоци и се оданочуваат само 20 проценти од вкупниот приход остварен за таа година.

-На другата група поточно на земјоделците на кои што земјоделието им е дополнителна дејност тие немаат ослободување до 300.000 денари не се  целосно ослободени од плаќање на персонален данок туку на целиот износ остварен до 1.300.000 денари на нив им се признаваат 80 проценти нормирани трошоци и се оданочуваат само на 20 проценти од вкупниот износ без разлика тој дали е под 300.000 денари или до 1.300.000 денари-изјави Пачков.

Даночна основа за пресметување на данокот претставува разликата од вкупниот приход остварен за таа година и нормираните трошоци. Државните субвенции не спаѓаат во приходот и тие не се оданочуваат . За сите други подетелани информации земјоделците може да се обратат во просториите на Управата за јавни приходи. Инаку УЈП поточно даночното одделение од Куманово во текот на декември и јануари организира  обуки на тема Пријавување и оданочување на приходи од земјоделска дејност на физички лица кои се оданочуваат по паушален износ. Покрај Куманово, обуките ќе се спроведуваат и во Липково и Старо Нагоричане.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)