УЈП обучуваше сметководители за актуелни теми

Доставување на завршни сметки, даночен биланс за оданочување на добивка и даночен биланс на вкупен приход, беа темите на коишто денеска се обучуваа неколкумина сметководители во Управата за јавни приходи. Надлежните ги запознаа сметководителите и за достава на извештаи ДДИ и достава на барања за пренос на искажани загуби. Тие информираа дека обврзник на данок на добивка е секое правно лице, резидент на Република Македонија, кое остварува добивка од вршење на дејноста во земјата и во странство како и постојаната деловна единица на странското лице за добивката што ја остварува во државата.

-Даночниот биланс се поднесува најдоцна до 28-ми оваа година до 29-ти февруари за годината што претходи до даночната канцеларија на УЈП или во електронска форма. Образецот може да се достави најдоцна до 15-ти март доколку даночниот обврзник годишната сметка до централниот регистар ја достави во електронска форма.  Обврзникот кај кој е отворена постапка за ликвидација, стечај или кај кој настанале статусни промени, образцот ДБ го доставува во рок од 60 дена од денот на отворањето на постапката, односно од денот на настанување на статусните промени-нагласи Стефан Симоновски, самостоен даночен советник.

Трговските друштва класифицирани како мали и микро трговци и правни лица, резиденти на Република Македонија, се ослободени од обврската за плаќање на годишен данок на вкупен приход, под услов  да не се надминува износот од 3 милиони денари на годишно ниво. Даночниот советник нагласи дека друштвото може да пресметува и плаќа годишен данок на вкупен приход, само доколку извршува стопанска дејност, освен банкарска, финансиска, осигурителна и дејност од област на игрите на среќа, забавните игри. Вкупниот остварен приход во годината за кој се утврдува данокот од кој било извор треба да изнесува од 3 милиони до 6 милиони денари.

-ДБВП Данокот на вкупен приход се поднесува во рок пропишан за поднесување за годишната сметка согласно законот за трговски друштва до даночната канцеларија на Управата за јавни приходи или во електронска сметка.  Данокот на вкупен приход се пресметува постапка од 1 процент. Исто така домашните правни и физички лица регистрирани за вршење на дејност, странските правни лица, и странските физички лица кои се нерезиденти со постојана деловна единица во Република Македонија, исплатувачи на приходот имаат обврска при секоја исплата на приходите на странските правни лица да го задржат и да го уплатат данокот на соодветна уплатна сметка-нагласи Симоновски.

Од Управата за јавни приходи информираа дека лицата кои имаат обврска да го задржат и уплатат данокот и да го достават извештајот ДДИ, тоа може да го сторат по електронски пат, најдоцна до 15-ти февруари наредната година. Најдоцна до 31-ви март во годината што следи, се поднесува барање за пренесување на искажани загуби. Надлжените ги потсетија граѓаните дека имаат обврска до 15-ти март годинава да поднесат годишна даночна пријава.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)