УЈП ја објави новата листа на должници

Осумдесетина должници од Куманово се најдоба на најновата листа на Управата за јавни приходи на Република Македонија, а меѓу нив поголем број физички, правни лица и јавни претпријатија чии долгови се доспеани до 31.05.2018 и неплатени до 31.08.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Од јавните прептријатија лидер е „Чистота и Зеленило“ чиј што долг изнесува 45.4 милиони евра, односно нешто над 700.000 евра. Значително помалку должи и подржницата на Јавното претпријатие „Македонија Шуми“, „Шумско стопанство – Куманово“, односно еден милион денари.

Од правните лица, 438 илјади евра изнесува вкупниот долг на „Жито Фарм“, 11,6 милиони денари должи „Астроида Параскева“, а околу два милиони денари помалку или 150.000 евра е долгот кој кон Управата за јавни приходи го има „Флутинг Сервис“ од Куманово.

Осум милиони денари должи и компанијата „Стари ММ“, шест милиони денари должи „Ханза Керамика“, а 93 илјади евра е долгот на „Братекс Бонита“, по што следува „СХД Компани“ со долг од 88.000 евра.

Од физички лица рекорден долг има Бајруш Сејдиу. Тој на државата по разни основи треба да и исплати 1,8 милиони евра. Нешто над 750 илјади евра е долго на Звонко Јосевски, а околу 323.000 евра должи и физичкото лице Мартин Ѓоргиевски.

Вкупните побарувања на државно ниво, од страна на Управата за јавни приходи изнесуваат над 10,2 милијарди денари, кој го имаат вкупно 2.178 правни и 2.082 физички лица.

На „црната листа“ на УЈП се објавуваат физички лица и самостојни вршители на дејност чиј што долг е над 120.000 денари и правни лица со долг поголем од 300.000 денари.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)