Фестивал на „Балканска Етно ризница“

Со фестивалот „Денови на Балканска Етно ризница“ , здружението „Етно ризница“ ги заокржува активностите предвидени за 2020-та. Утревечер присутните во салата на Занаетчискиот дом ќе имаат можност да слушнат преработки на македонски изворни народни песни во оперска верзија, информира претседателот на здружението, Драган Јакимовски.

– Ќе настапат педагози професори од Музичко- балетскиот училишен центар во Скопје предводени од Александра Коцевска – мецосопран, придружувана од Билјана Петровска  – пиано и Петар Колевски – кларинет. Тоа се преработки и во суштината мисијата на здружението „Етно ризница“ е токму тоа, да се доближи нашето историско- културно наследство до помладите генерации користејќи ги сите технолошки средства со кои може да се преработат овие композиции. Што се однесува до публиката, ќе може да има максимум 30 присутни во салата, со редарска служба, мерење на температура, задолжителни маски, дезинфекција на рацете, социјална дистанца од два метра, изјави Драган Јакимовски, претседател на здружение „Етно ризница“

Годинава за здружението „Етно ризница“ беше успешна со голем број активности и со запазување на пропишаните протоколи, вели Јакимовски. Од предвидената програма, поради ковид кризата, не се реализирани само манифестацијата „Шопска свадба“ во селото Куклица која се организираше претходните пет години и не се одржа детскиот фестивал „Распеано детство“ кој што годинава требаше да се возобнови, посочува организаторот.

-На локалитетот Камени кукли го одржавме настанот „Вечерен танц на куклите“ по трети пат, а минатитот месец на платото пред Центарот за култура го одржавме „Тумба фест“. Песните од фестивалот веќе се прифатени, гостуваат пеачите, неколку песни на социјалните мрежи и на јутјуб каналот имаат преку илјадници посети, изјави Јакимовски.

Целовечерниот концерт во рамки на фестивалот „Денови на Балканска Етно ризница“ ќе започне во 19 часот.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)