Рано утрово во два часот, 20-годишен кумановец пријавил дека во угостителски објект во населбата Перо Чичо, додека бил на своето работно место, бил физички нападнат од 43-годишен граѓанин на Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Изготвен бил записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.