Физички нападнати двајца малолетници

42-годишен кумановец вчеравечер пријавил во СВР Куманово дека околу 17.35 часот во училишен автобус неговиот малолетен син  бил физички нападнат од друг ученик. Претходно, и друг родител на возраст од 38 години пријавил дека во основно училиште на улицата „Доктор Рибар“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)