Физички нападнат вработен во казино во Куманово

СВР Куманово информира дека вчера во 03.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово  лишиле од слобода двајца кумановци  на возраст од 29 и 34 години. Приведените, во казино на улица „Маршал Тито“, физички нападнале вработен во казиното, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопти полицијата.

Коментари

коментар(и)