Филипче го презентираше протоколот за изборите

Министерот за здравство, Венко Филипче го претстави протоколот за изборите кој го подготвила Комисијата за заразни болести. Во кампањата но и на денот на избори задолжително е носење на заштитни маски, дезинфекција, држање на препорачаното растојание од два метри. Постои и можност времето на денот на гласањето да се зголеми за два часа, за да не се создава метеж, бидејќи во просториите нема повеќе гласачи од бројот на боксови за гласање.

За време и пред активностите на изборната кампања треба да се почитуваат правилата за физичка дистанца од 2 метра и да се носи маска.

-При одржување собири мора да се почитуваат веќе познатите мерки за превенција. Собирите кои се одржуваа на отворен и затворен простор секогаш почитувајќи ги овие мерки и согласно тоа бројот на учесници. Дури и за помали собири да се користат разгласни уреди за озвучување и да се избегне и да се избегне концентрирање на луѓе на поголем простор-нагласи тој.

Во кампањата „врата до врата“ претставниците на партиите мора да држат доволно растојание со граѓанинот или соговорникот, да не се влегува и да се прават посети во самите домаќинства туку само надвор.

-Партиските активности во штабот кога е можно да се одржуваат на отворено а доколку се на затворено важат сите онаведени правила. Задржувањето во партиските простории да не биде повеќе од 2 часа, да се проветруваат и секојдневна дезинфекција. Мобилните штандови за рекламен материја не треба да служат за собирање на голема бројка, да нема голем број на активисти не повеќе од двајца и сите да носат маски во однос на протоколите-истакна Филипче.

На денот на изборите сите членови на избирачките одбори мора да имаат маска, прозорците мора да се отворени, а во просторијата да нема повеќе гласачи од бројот на боксови за гласање.

Гласачите мора да носат маска, која на кратко ќе ја тргнат додека се легитимираат. Дезинфекцијата на рацете ќе биде задолжителна при влез и излез од гласачкото место.

Како што кажа министерот, можна е и препорака гласачкиот ден да се продолжи за два часа за да се избегнат поголеми гужви.

Протоколот ќе бидат доставени до претседателот Стево Пендаровски и премиерот Оливер Спасовски.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)