Филипче очекува до крајот на летото 50% од населението да биде вакцинирано

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека на крајот од месецот се очекува значителна бројка на вакцини од производителите Синовак и Синофарм.

Со тоа вкупната бројка на наши граѓани кои што ќе бидат вакцинирани со вакцините на Синовак и Синофарм ќе биде 400.000 граѓани, што значи се работи за сериозен процент од популацијата, додаде Филипче.

Одговарајќи на прашање за тоа кога ќе може да се очекува некаков колективен имунитет, истакна дека до крајот на летото ќе има висок процент на вакцинирани и апелираше до граѓаните да се пријавуваат на сајтот за вакцинација.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)