Филипче: Потврдата за вакцинацијата и ПЦР-потврдите се доволни за влез во Грција

Хартиените документи, потврдата за вакцинацијата и ПЦР-потврдите се сосема доволни за влез во Грција. Луѓе од системот „Мој термин“ работат на една варијанта, модул, тој да се надгради и тие податоци да може да се стават во апликацијата, меѓутоа граѓаните мора да знаат дека тоа не е никаков ограничувачки фактор, дека и сегашните документи што потенцијално ќе бидат скенирани во самата апликација им се сосема доволни за влез.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Во врска со вакцините, Филипче потенцира дека сега има уште нешто помалку од 5000 вакцини кои се распределени да се даваат во новоотворените пунктови, а во сите други се прави ревакцинација.

– Оваа недела треба да дојдат 70 илјади вакцини, 50 илјади од Бугарија и 20 илјади од Грција, најверојатно вакцини на „АстраЗенека“. Се уште немаме потврда за типот на вакцини, рече Филипче и додаде дека редовно секој понеделник пристигнуваат вакцини на „Фајзер“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)