Филипче: Ќе пристигнат 500.000 вакцини од „Синовак“

Последната најава  преку Kинеската амбасада вчера и денеска е дека 500.000 вакцини од „Синовак“ треба да стигнат на почетокот на  следниот месец, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Во јуни, како што дополни Филипче, се очекуваат 100.000 вакцини „Фајзер“ преку Ковакс системот, а се уште ја немаме динамиката за пристигнување на вакцините од овој производител преку директниот договор. Има некои најави за пристигнување повторно преку претставници од Руската амбасада за руската вакцина до крајот на мај,  не ни се потврдени и оваа динамика на  пристигнување на 10.000 вакцини  Фајзер, преку нашиот директен договор и системот Солидарност од ЕУ секој понеделник до крајот на мај, рече Филипче.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)