Филип Наковски вицешампион во кик-бокс

Сребрен медал во Куманово пристигна од Филип Наковски благодарение на неговите извонрдени резултати од Државното првенство во кик бокс дициплини за сениори, јуниори и кадети кое се одржа во Скопје.

На настанот во конкуренција од 166 натпреварувачи и 24 клубови од државата, Наковски со своите натпреварувачки способности забележа успех и стана вицепрвак на Македонија во категоријата лоу-кик до -91 килограм.

Што се однсува до борбите тој во полуфиналето беше поуспешен од натпреварувачот од Струга, Игор Лазаревски, каде во една фајтерска борба во која не се штедеа ни едниот ни другиот отворена борба, Филип Победи со прекин кој беше доделен од страна на судијата, повреда на раката на Игор при крајот на првата рунда. Потоа во финалето се сретна со репрезентативецот на Македонија, Милан Кубин кој има доста големо реноме и е во голема натпреварувачка форма и исто така се бореше храбро, на тактички план добро одработи, но загуби на поени. Целокупно сум задоволен од неговиот настап и од клубот и очекувам успех и во иднина – изјави Сашо Илиевски, тренер на Кик-бокс клуб Куманово.

Наковски е задоволен од постигнатиот успех и најави дека во следниот период ќе стави акцент на тренинзите и ќе се подготвува за Балканското првенство кое треба да се одржи следниот месец.

Задоволен сум од успехот што го постигнав, бидејќи во финалето се сретнав со доста добар и искусен борец, што е чест да се бориш против него и сум задоволен од успехот, се надевам дека ќе се подобриме во наредниот период и да освоиме прво место. Полуфиналето беше тешка борба, фајтерски добро се боревме, доста издржав иако беше потежок противникот и добро одработевме и од финалето исто сум задоволен како го одработив – изјави Наковски.

 Околу четириесет членови моментално се дел од Кик бокс клубот Куманово, но неколкумина од нив постојано нижат успеси, како на домашна, така и на меѓународната сцена.

Се поголема заинтересираност, се почесто има нови членови што доаѓаат кај нас во клубот за тренинзи, доста вака популарен и добар спорт се надеваме дека ќе имаме повеќе борци од нашиот клуб и дека ќе постигнеме доста поквалитетни успеси во наредните мечеви и државни првенства што ќе се одржат – изјави Игор Крстевски, помошен тренер во Кик-бокс клуб Куманово.

Како што истакнаа членовите на клубот ова е едно од помасовните државни првенства во последните години со организациска поставеност на високо ниво, како што доликува на една ваква спортска манифестација.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)