Фирмите што аплицирале за државна помош, не може да добијат субвенции за минимална плата

Компании кои веќе добиле државна помош за време на пандемиската криза, сега нема да можат да добијат субвенции за минималната плата. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи признава дека тоа е направено за да нема концентрација на државна помош на исто место и за иста намена.

Клучен услов кој ја ограничува можноста за субвенции на дел од придонесите од 1.197 денари по вработен, е фирмиата да не биде корисник на државна помош за зголемени плати од 600 до 6.000 денари.

Истите тие компании кои што се корисници на државна помош, не можат да бидат корисници и на мерката за покривање на придонесите за субвенционирање на минималната плата. И тоа е логично. Ние не можеме да дозволиме да има две исти мерки за иста потреба, и затоа е направена таква дистинкција, вели во одговор за Алфа, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Коментари

коментар(и)