ФК Победа со големи амбиции во новата сезона

Фудбалскиот клуб Победа од село Тромеѓа во изминатите години во рамките на можности успеа да го подобри работењето на екипата во неколку сегменти.

Еден од главните предизвици и примарна цел на раководоството на клубот беше уредување на игралиштето, а за таа цел претседателот на клубот Иван Цветковски вложи напори истото да биде реализирано со помош на неколку добронамерници.

Што се однесува до амбициите на екипата во престојната сезона Цветковски најави борба за висок пласман.
Во наредните години Цветковски има визија по кој пат ќе оди екипата.

Фк победа според кажувањата на жителите датира од далечната 1950 г, а официјалните натпревари започнува да ги игра во 1977 г.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)