Формирана Средношколска асоцијација

Средношколци од економското училиште Перо Наков пред неополн месец формираа Средношколска асоцијација за реформи во образованието. Целта на асоцијацијата е да ги застапува правата и слободите на средношколците, да го зголеми младинскиот и средношколскиот активизам, да поттикне неформално образование преку дебати и разни видови на проекти, да го зголеми културниот живот но и хуманоста кај учениците.

-Средношколците се организираа преку средношколски пленум кој што сметав дека после таа борба требаше да се реорганизира и реформира во смисла на структурата, меѓутоа пленумот работи само во кризни ситуации како што беше со екстерното тестирање и затоа тој веќе не е активен, а на средношколците им треба постојана асоцијација трајно тело кое ќе продолжи да постои кога и јас ќе заминам како ќе доаѓаат нови генерации. Oдржани се досега околу 5 состаноци, на кои се изберени координатор, заменик координатор и записничар на ниво на училишен тим-истакна Николај Павловски, од училиштето Перо Наков.

Асоцијацијата од пред неколку денови е проширена и во техничкото училиште Наце Буѓони.

-Планирано е да се опфатат сите средни училишта на ниво на државата со што оваа асоцијација се дели на три раководни органи, тела. Првото е државен тим  кој вклучува управен надзорен одбор и средношколски правобранител кој има свои претставници и заменици низ сите градови, исто така има локален тим кој што ги вклчува сите училишни тимови од општинско ниво и на крајот училишните тимови-додаде Павловски.

Претставници на средношколската асоцијација вчера одржаа состонок со првиот човек на градот, Максим Димитриевски, при што го информираа за нивното делување.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)