Формирано работно тело за регионални проекти

Околу 15  предлог -идеи за проекти досега пристигнале во канцеларијата за рурален развој во рамките на Центарот за развој на Североисточниот регион. Прибирањето на идеите ќе продолжи во наредните денови, а кога ќе се достигне бројката од околу 50  ќе се изберат најдобрите. За нив преку УНДП и Министерството за локална самоуправа ќе се бараат донатори за нивна реализација, која се очекува да започне кон крајот на наредниот месец. Селекцијата ќе ја врши  заедничко работно тело формирано од претставници на шесте општини, невладиниот сектор и бизнис заедницата, беше речено на денешната конститутивна седница на Платформата за Регионална Рурална акција во Североисточниот регион.

– Новина е да при ова работно тело кое е составено од 17 членови имаме присуство на општините по еден претставник вкупно шест и плус центарот, така што доминанатна улога при гласањето и одлучувањето ќе има невладиниот сектор,  за да се заштити она за кое сметаат граѓаните дека е од интерес за нашиот регион. Има идеи за рурален развој во интеревенција во земјоделието со системот капка по капка, идеи за развој на етно туризам меѓутоа во случајот да се вклучи и образованието со настава во природа, има идеи за џамб скокови во Бислимски кањон, изјави Младен Протиќ, раководител на Центарот за развој на СИПР

-Преку меѓуопштинска соработка на шесте општини од СИПР имаме формирано заедничко работно тело на кое ќе се изготвуваат предлог-проектни идеи кои во понатамошниот период ќе бидат имплементиран, проектот најверојатно ќе продолжи до Нова година, мислам, а тој период ќе ни биде за реализација на проектите, изјави Маја Тасевска, координатор на проектот

Претставникот на УНДП во РМ смета дека советниците од сите шест општини од североисточниот регион без оглед на политичката и етничката припадност се пример дека во интерес на граѓаните и локалниот развој може да се соработува.

-Ние сме особено задоволни што заедно со министерството за локална самоупарва и засегнатите страни од регионот еве денес почнуваме со демонстрирање на едно начело на ЕУ, пред се, а тоа е кон локалниот развој да се пристапи на еден што е можно поинклузивен интегриран начин за да јавните средства значи на државата и општините но и средствата кои се определени од страна на ЕУ па и други донатори бидат потрошени за приоритети зад кои стои целата заедница, изјави Тони Поповски, координатор за локален развој на УНДП во РМ

Во оваа фаза од програмата одобрени се 15.000 долари наменети за имплементација на предлог-проектите, а се очекува дека проектот ќе продолжи и во иднина, како и соработката со УНДП и невладиниот сектор.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)