Форумот на жени на СДСМ и стечајните работнички го одбележаа 8ми март

Со скромни подароци Форумот на жени на СДСМ од Куманово денеска го честита празникот на стечајните работнички од градот, но и организираше трибина на која разговараа за предлозите како да се подобрат правата на жените.

Токму стечајките се симбол за борба за правата на работничките, како најобесправени, оставени на улица, без примања и право на надоместок од компаниите кои ги граделе во минатото.

Тие со години се борат за остварување на своите права, за остварување на некаков праичен надоместок до пензионирање, нот оа за жал им успеа парцијално, а голем дел од нив останаа без средства и можност за остварување на други права. Ќе го искористиме поводот да дискутираме воопшто за положбата на жената во македонското општество, за изедначување на нејзините права, како во политиката, така во економијата, за нејзините позиции во семејството, односите, здравствената заштита и сите други проблеми кои ја тангираат жената – изјави Атина Мургашанска, претседател на Форум на жени на СДСМ Куманово.

„Ова се жени борци, а не само стечајни работнички“ вели Лилјана Георгиевска, претседателка на здружението на стечајни работници, која ја водеше секоја битка за решавање на правата на оваа категорија граѓани, заборавени од сите.

За жал се повеќе има обесправени, да не зборувам за оваа категорија поранешни вработени, оставени на маргините, на улица, без егзистенција, мислам дека мора да најдам малку вина и во работничката калса да биде ажурна за барање на своите права и мислам дека ќе проработи совеста на влата која ќе дојде, се надеваме на промени кои ќе го променат статусот на работникот, стечајниот работник и многу работи во државата кои до сега од институциите се парализирани, се надевам дека од овој ден се ќе тргне на подобро, да немавме визија и нада, можеби немаше да издржиме толку – изјави Лилјана Георгиевска, претседател на Здружение на стечајни работници.

Како што рече Мургашанска правата на жените работнички според предизборната програма на СДСМ која треба да се реализира доколку партијата состави Влада, ќе предвиди унапредување на правата на жените работнички, мерка со која оние постари од 60 години ќе работат шест часа дневно за истиот надомест како претходно, но и мерки за мајки на деца со посебни потреби и воспоставување на Секретаријат за родова рамноправност.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)