(ВИДЕО) Форум на жени со акција за донирање книги

По повод Светската недела на детето, Форум на жени СДСМ Куманово денеска организираше акција за донирање на книги. Акцијата се одржа пред Центарот за култура.

-Под мотото „Покажи грижа, донирај книга“, Форумот на жени на СДСМ Куманово денеска одржува акција за донирање на книги. Целта на оваа акција е со помош на донација од нашите членки како и од сите граѓани, да собереме поголема количина на книги кои ќе ги донираме на основно училиште кое има потреба за збогатување на својата библиотека. Ние како Форум на жени сме општествено одговорни и се приклучуваме во многу акции, хуманитарни акции-посочи Јасмина Георгиевска, претседателка на Форум на жени СДСМ Куманово.

Коментари

коментар(и)