Основното училиште „Магдалена Антова“, заедно со партнер училиштето „Фаик Коница“ од село Слупчане го одбележа пристигнувањето на есента.
Тие одржаа заедничка активност насловена „Другарството е нашето мото“.
Од училиштата посочуваат дека другарството е најголемо богатство што ни го дава природата. Весели, среќни и задоволни детски лица е нашата цел.