(ФОТО) Амбасадорот на Русија го посети КУД „Српски вез“

Амбасадорот на Руската Федерација, Александрович Сергеј Баздникин синоќа го посети Културно уметничкото друштво Српски вез.

Тој се запозна со работата, предизвиците и проблемите со кое се соочува ова друштво, а вети и поддршка од руската амбасада.

По повод Меѓународниот ден на детската книжевност, 3-ти април, Српски вез организираше и дружба за најмладите со српскиот поет Стеван Милошевиќ од Врање, Репбулика Србија кој ги презентираше најинтересните бајки од српската книжевност.

-Ние имавме контакт со него веќе една година, рече дека во првата прилика ќе дојде. На нашиот официјален повик дојде така што бевме малку и изненадени. Запознаен е со нашето друштво, знае дека работиме добро како што велат сите, бевме изненадени. Пријатно е, позитивно, навистина е заинтерсиран за нашето друштво, праша што треба да ни помогне и да даде поддршка на друштвото. Ние сме навистина културна институција овде во Куманово и пошироко, овде нема само Срби, тука се и Македонци и немаме проблем со други заедници. Во суштина тој е благонаклонет кон нас, ние го негуваме православието, го чуваме словенскиот дух, така што му се заблагодаруваме на посетата-истакна претседателот на Српски вез, Далибор Китановиќ.

Српскиот поет Стеван Милошевиќ, кој за прв пат доаѓа во Куманово, ја искористи можност да ги презентира своите две книги, наменети за најмалите.

-Овде дојдов пред се да се дружам со децата, прв пат настапувам на овој начин во Македонија, драго ми е што сум овде што можам своите песни да ги споделам  заедно со овие деца и се надевам дека сите ќе уживаат. Сакав уште одамна да дојдам, со оглед дека сум од Врање, не е многу далеку, одлучив, разговарав со Далибор и одлучив во договор со него да дојдам овде и да се забавувам со децата. Мислам дека е многу важно, не само за децата туку и за луѓето да читаат а секако книгата е нешто што можеби не е популарно денес, но она што е поважно е да се прикаже книгата на децата на интересен начин, за да самите деца посакаат да прочитаат нешто од одредени книги-нагласи тој.

Милошевиќ досега има издадено две книги, поемата Легендата за срцето на лептирот и збирката песни, Аждаја ја напушта бајката.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)