(ФОТО) Арена Еуроспорт ја започна новата сезона

Спортско-забавниот комплекс Арена Еуроспорт од вчера официјално ја започна новата сезона. Со нови играчки во детската игротека но и со уреден спортски терен, комплексот е подготвен да ги прими најмалите, но и нивните родители. Додека дечињата си играат и се забавуваат, родителите можат безгрижно да ја користат кафетеријата.

-До идеа дојдовме така што во Куманово нема таков простор во кој децата ќе можат да се играат, забавуваат во природа, на отворено. Сите простори се затворени во Куманово, тука се безбедни децата, се е заградено, родителите можат да седат да пијат кафе, додека децата се забавуваат. На страна сме од градот, но сепак не е предалеку. Оваа година стартуваме со нов амбиент, нови играчки, многу поголеми од претходните години. Освен што може да се играат децата во арената ние организираме и родендени за помали деца, поголеми бидејќи имаме и спортски терен, кој го користат децата, исто така организираме и забави за тинејџери-истакна Драгана Маневска, од  Арена Еуроспорт Куманово.

Спортско-забавниот комплекс Арена Еуроспорт кој се наоѓа на градскиот кеј, во близина на месноста викана Митев мост, работи секој ден, од 12 часот.

Коментари

коментар(и)