(ФОТО) Британската амбасадорка во посета на Куманово

Британската амбасадорка во Македонија, Рејчел Галовеј денеска оствари протоколарна посета на Општина Куманово, при што се сретна со градоначалникот Максим Димитриевски.

На средбата било разговарано на различни теми, меѓу кои и можна соработка помеѓу амбасадата и општината, размена на студенти и испраќање на ученици на дополнителна обука и едукација во Велика Британија.

Воедно биле отворени  прашања за наоѓање потенцијални инвеститори од Велика Британија, особено за развој на индустриската зона Новине и Речици, културата,  спортот .

-Општина Куманово има соработка со амбасадата на Велика Британија, досега како што знаете благодарение на организацијата на здружението на воени и полициски ветерани беше поставено во соседната општина Старо Нагоричане во село Пелинце спомен плоча на една од британските мисии од Втората светска војна и ова е само еден позитивен пример каде историјата на Македонија и на Велика Британија се заедно бидејќи сме биле сојузници во Втората светска војна и тој сојуз треба да продолжи а сите ние да го надоградуваме-нагласи Димитриевски.

Амбасадорката Рејчел Галовеј посочи дека е ова е нејзина прва посета на градот, па се надева дека ќе биде една од многуте.

-Ние како амбасада се трудиме да излеземе надвор од Скопје, да посетиме и други места низ државата со цел да запознаеме кои се потребите и можностите за соработка низ целата држава, како што и веќе спомнавме има можност за соработка во образованието, спортот како и во однос на нашата заедничка историја која во изминатите 100 години била повеќе околу соработка помеѓу нашите две држави-посочи таа.

Амбадорката Галовеј заедно со градоначалникот Димитриевски подоцна замина во посета на  неколку значајни места за градот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)