(ФОТО) Вреќи со мртви кучиња во поранешна касарна во Карпош

Кумановската полиција информира дека денеска кај нив нешто по 12 часот, активист на Здружението за заштита на животните „Анима мунди“,  пријавил дека во населба Карпош во близина на касарната, има мртви кучиња.

Здружението „Анима мунди“ и на својата „Фејсбук“ страница информира за откриени вреќи со грозоморно убиени кучиња.

Приложувајќи вознемирувачки фотографии, здружението посочува дека е пронајдена и расфрлана медицинска опрема.  Здружението бара итна и темелна истрага, како и најстрога казна за сторителот.

Од полицијата информираат дека извршиле увид на терен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Фото: АнимаМунди

Коментари

коментар(и)