(ФОТО) Димковска и Андоновиќ со злато од Државно првенство во кик бокс

Теодора Димковска и Виктор Андоновиќ од Кик бокс клубот Предатор се закитија со златни медали на третото по ред Државно првенство кое се одржа во Скопје, а го организираше Кик бокс Федерацијата на Македонија.  

Освен Димковска и Андоновиќ, одлични резултати постигнаа и Ана Илиевска која заврши на две втори место, исто како и Стефан Крстевски, а на трето место завршија Бојан Стојковиќ, Боби Маринковски и Милица Ѓорчевска. На третото Државно првенство учествуваа и Стефан Ристовски и Милош Веселиновски.

Имено клубот кој го предводеа тренерите Оливер Милорадовски, Јован Крстевски и Оливера Свилар, учествуваше со 10 натпреварувачи, а се врати со дури 7 освоени награди.

-Ова ни е второ учество на државно првенство, имаше голема конкуренција, над 100 натпреварувачи од клубови од целата држава. Очекувавме дека ќе ги добиеме наградите, но секогаш може и подобро-истакна Симона Крстевска, член на ММА Предатор.

Теодора Димковска која освои златен медал речиси четири години активно се занимава со овој спорт.

-Не можам да кажам дека беше очекувано бидејќи имав две учеснички во мојата категорија, се натпреварував во кик лајт, но бев многу изненадена и среќна кога освоив прво место. Досега се натпреварував два пати, исто така завршија со златен медал. Ако вложуваме љубов, труд и напор нема да е тешко и ако го правиме тоа со љубов се ќе биде како што треба-посочи таа.

Инаку клубот ММА Предатор се наоѓа на две локации во градот, првата е на булеварот 3-та МУБ а втората во населбата Перо Чичо до училиштето Христијан Карпош. Работат со три групи деца, жени и мажи, лица кои сакаат активно да се натпреваруваат, но и за рекреативци.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)