(ФОТО) Донирани шест прочистувачи за воздух во болницата

Шест нови почистувачи за воздух ќе бидат поставени на детскиот и акушерскиот оддел во општата болница Куманово. Почистувачите се донација од кафе бар Сквер Гарден. Донацијата денеска ја прими директорката на болницата, Снежана Захариева.

Кафе бар Сквер Гарден денеска донираше  шест прочиствувачи за воздух за кумановската болница. Донацијата е дел од хуманитарната акција која што ја организираше кафулето.

-Собравме пари за шест прочистувачи на воздух. Оваа забава трае веќе два месеци насловена 35+, имаме посериозни гости, сакав да направам нешто корисно од неа. Ќе продолжиме со тоа и ќе имаме уште нешто, доколку можеме да помогнеме. Ги повикувам сите ако сакаат да придонесат нека дојдат на забавата, секоја сабота ќе биде нека повелат.  За реализација на оваа хуманитарна акција поддршка даде и Техноцентар Алфи, бидејќи им се допадна идејата и тие ќе учествуваат и понатаму-истакна Милан Петрушевски, сопственик на кафе бар Сквер Гарден.

Од болницата се заблагодарија за донацијата и посочија дека радува фактот што во Куманово има општествено одговорни комании, кои помагаат за поубаво и побезбедно здравство.

-Прочистувачите првенствено се наменети за детскиот оддел, со оглед на големата фреквенција на пациенти особено во овој зимски период во кој повеќе од 90 проценти се со респираторна патологија. Иако оваа сезона како и претходните и на другите оддели имавме случаи со инфлуенца но сега имаме и случаи на морбили имаме мали деца, не само инфлуенца туку и други респираторни заболувања сметаме дека е погоден и тајмингот и самата донација. Благодарност до сопственикот на ланџ бар Сквер гарден кој во овие зимски месеци се сети на нас, со една навистина адекватна донација која ќе им придонесе на нашите пациенти да се чувствуваат поубаво, да дишат почист воздух и да им ги олесни тегобите за време на престојот во нашата болница-нагласи директроката на болницата, Снежана Захариева.

Во Општата болница Куманово изминатиов период се реализирале и други скромни донации за детскиот и актушерскиот оддел.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)