(ФОТО) Заев и Спасовски на трибина во Куманово

„Фер општество, шанса за сите“ е насловот на трибината што се одржа денеска во Куманово, а на која присуствуваа премиерот на Македонија, Зоран Заев и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Обраќајќи се пред присутените, Заев порача дека конечно државата се движи во вистински правец, и дека во скоро време ќе биде дел од НАТО и ЕУ. Тој истакна дека економските услови се значително подобрени, благодарение на успешната дипломатија.

Нагласи дека ваквите трибини кои ги прават ширум државата се со цел да ги запознаат граѓаните за работењето на извршната власт, соработката со локалната но и да се отвори можност за сите прашања кои што ги интересираат граѓаните.

-Знаете дека имаме централна власт која е продецентрализацијата направивме конкретни чекори за нивно помагање и ние веруваме дека проблемите побрзо и поефикасно се решаваат кога се поблиску до граѓаните во делот на одлучувањето преку општините, општинските совети, локалните претпријатија но и државата преку извршната власт има намера да биде директно или индиректно вклучена во надминување на тие проблеми. Главните теми ни се економијата, политичките аспекти, иднината, перспективите кои ги очекуваме. Дефинитивно нашата држава отвори сериозни, големи перспективи чија конечна цел имаме благодетите да ги почувствуваат граѓаните и веруваме дека токму така и ќе биде-нагласи Заев.

Вице премиерот во Владата, Спасовски нагласи дека изминатите години се зборуваше дека  Куманово неправедно било дискриминирано од државата. Па затоа за да му се помогне морале да направат стратегија. Тој посочи дека за оваа година е планирана реализација на неколку проекти во градот.

-Прво, знаете дека веќе се заврши реконструкцијата на патниот правец Старо Нагоричане – Пелинце од 10км, остануваат уште четири километри кои ќе завршат со градба, некаде до крајот на мај, ќе го имаме комплетниот патен правец реконструиран, многу скоро започнува реконструкција на патниот правец Куманово – Свети Николе бидејќи тоа е еден од можеби најлошите патни правци. За скоро започнува градбата на патниот правец Куманово – Страцин, а веќе се работи на експресниот пат Страцин – Крива Паланка – Деве Баир. Целосна реконструкција на патот Куманово – Никуштак и поправка на регионалниот пат каде најголема полза покрај Куманово ќе имаат и жителите од население места Черкези, Ново Село, Љубодраг, па се до Никуштак, исто така еден патен правец кој што е важен за Куманово-истакна министерот за внатрешни работи.

Спасовски дополни дека наскоро ќе започне и реконструкција на патниот правец Куманово – Опае, а на општината и се доделени 20 милиони денари за инфраструктурно уредување на индустриската зона.

Истакна дека е изградена спортска сала во економското училиште со настава на албански јазик, во тек е завршна фаза од спортската сала во село Черкези и веќе се започнати постапки за градба на нова спортска сала во Наце Буѓони.

Пред два дена е избран изведувач на работите за фекална канализација во село Тромеѓа. Нагласи дека посветеноста со која што работи Владата, ќе биде уште поинтензивна и видлива оваа година.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)