(ФОТО) Започна првиот тениски турнир на ветерани

На тениските терени кои се наоѓаат во близина на Спортската сала започна првиот тениски турнир на ветерани во Куманово. На турнирот кој го организираат рекреативци, љубители на тенисот, учествуваат 27 натпреварувачи од градот.

-Не сме членови на некој тениски клуб, туку рекреативци, ветерани што го сакаме и поддржуваме овој спорт, направивме мала иницијатива за да организираме вакво нешто.  Досега има пријавено 27 учесници, турнирот започна, ќе трае до недела, ќе се игра секој ден најмалку по три-четири меча. Во недела се полуфиналето и финалето, доколку дозволат временските услови, ќе биде претпладне-истакна Еманоил Ивановски, организатор на турнирот.

Учесниците изразија благодарност до организаторот и се надеваат дека во иднина ќе се случуваат повеќе вакви турнири во градот.

-Навистина ми е голема чест и задоволство што ќе се одржи ваков настан во Куманово, бидејќи е навистина реткост, најчесто тоа се фудбал или кошарка. Имавме чест минатата година да настапуваме на еден турнир, бевме во финале и се надеваме дека и оваа година ќе оствариме добар успех и дека тенисот ќе оди во правилна насока-нагласи Иван Ивановски, учесник на турнир.

-Се надевам дека добро ќе помине овој турнир,  браво за организаторот што успеа тенисот да го развие во градот, се надевам на уште вакви турнири, со играчи од други градови не само од Куманово,  да видиме со каков квалитет се игра тенисот во нашата држава бидејќи тука тенисот не е многу распространет. Се надевам дека како и минатата година ќе играм барем финале, па ќе видиме за прво место- посочи Виктор Димитриевски, учесник на турнир.

Поддршка на турнирот дадоа Општина Куманово, Сојузот на спортови и Техноклима.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)