(ФОТО) „Крепост“ додели пакетчиња на учениците во Бајловце

Хуманитарната организација „Крепост“ денеска додели новогодишни пакетчиња на учениците во село Бајловце. Ова е прва акција на организацијата по повод новогодишните и божиќните празници.

-Учениците не пречекаа со мала приредба со рецитирање на детски песнички и побудија големи чувства, емоции кај нас. Училиштето навистина е заборавено и се надеваме дека во наредниот период секоја година ќе се потрудиме да ги угостиме со новогодишни пакетчиња.  Во наредниот период е предвидено доделување на  новогодишни пакетчиња и за уште голем број семејства, за кои „Крепост“ редовно се грижи. Исто така го најавуваме и хуманитарниот концерт за децата од посебните паралелки при ОУ „Браќа Миладиновци“ кој ќе се одржи на 3-ти јануари во „The Yard lounge bar“. Ги покануваме сите хумани граѓани да дојдат –истакна Марко Андевски, од „Крепост“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)