(ФОТО) Монографија „Моќта на талентот“ посветена на Драган Колебен

„Моќта на талентот“ е насловена монографијата посветена на ликот и делото на кумановскиот уметник Драган Колебен. Имено, книгата во која се зборува за големото и плодно творештво на еден од најмаркантните личности во модерната ликовна уметност во Македонија, е напишана без негово знаење. „Моќта на талентот“ всушност претставува изненадување од група пријатели, по повод неговиот 46-ти роденден. Честа да ја создаде оваа монографија му припадна на доктор Јордан Пачков.

-Бев фасциниран од неговото творештво, делата и поттикнат од сето тоа му ветив дека ќе напишам една колумна или фељтон за неговото дело. Како времето одминуваше никако не ја реализирав таа идеа и ме изненади една пријатна група од 10-ина млади луѓе кои се во неговото најтесно друштво, кои посакаа на таков начин да му го честитаат роденденот, односно да направат една промоција на книга со неговото творештво, со задоволство ја прифатив подадената рака, несвесно дека ова треба да биде изненадување и дека со него не треба да разговарам за тоа и на крајот на краиштата ќе си ставите на размислување, еден доктор Јордан Пачков, да пишува за уметност. Јас не сум ликовен критичар ниту историчар по уметност, но во секој случај знаете кај оние што пишуваат секогаш истражувачкото новинарство ги дава своите резултати. Чепкав по интернет, пишани каталози, разговори, и го направив ова дело-истакна Пачков.

Монографијата „Моќта на талентот“ е планирано наскоро да биде промовирана и пред љубителите на пишаниот збор во градот.

Колебен е роден  на 15-ти февруари 1973-та година во Куманово. Од 2002 до 2005 година учествувал на групни изложби на Мал формат во Културниот информативен центар во Скопје.

На кумановската ликовна сцена успешно егзистира речиси деценија ипол, а својата презентација пред кумановци ја имаше во далечната 2005 година, со првата самостојна изложба во Центарот за култура.

 Учествувал на бројни самостојни и групи изложби во Македонија и странство. Уметникот поседува и сопствено ателје „Галерија Колебен“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)