(ФОТО) Монтажната гаража од денеска е пуштена во употреба

Новата монтажно-демонтажна катна гаража, која се наоѓа во близина на Центарот за култура од денеска е пуштена во употреба.  Кумановци по иста паркинг цена ќе можат да го користат просторот кој има место за 80 возила.  За оваа инвестиција општина Куманово одвои над 16 милиони денари. Проектант е градежната компанија „ЈБТ Ариј Том“, а изведувач на градежните работи компанијата „Гео Инк“ од Делчево. Паркингот на второто ниво ќе биде бесплатен, се додека Советот на општината не донесе одлука, просторот да се даде на стопанисување на јавното претпријатие Куманово-паркинг. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на свеченото отворење исткана дека гаражата има за цел да го реши проблемот со паркинг просторот во централното градско подрачје. Со изградбата двојно се големени капацитетите на поранешното паркиралиште.

-Да им се заблагодарам на граѓаните на општината кои целиот овој период од овие четири месеци имаа трпение, бидејќи се создаде сообраќаен дополнителен метеж во центарот, но воедно една од главните цели зошто навлеговме во оваа инвестиција е всушност времено да го зголемиме капацитетот во централното градско подрачје, како во иднина општина Куманово би можела стратешки да пристапи на решението на проблемот со Чоробенско ќоше. Сме сведоци сите ние секојдневно дека треба да се постапи согласно деталниот урбанистички план, да се сруши, да се изгради подземен капацитет за паркирање со трајни решенија за паркирање и воедно да пристапиме кон реализација на проектот за општинската зграда-нагласи Димитриевски.

Ова е прва од вкупно трите предвидени катни гаражи во градот. Градоначалникот Димитриевски дополни дека се планира втората да биде на локацијата Серава.

-Апелирам до сите граѓани овој објект кој што е од времен карактер како и сите инвестиции кои ги прави општината да се однесуваме одговорно кон нив бидејќи сте сведоци дека се уништуваат многу јавни добра, оптшината веќе година и пол активно инвестира во комуналната опрема и доколку не ја сочуваме сите заедно, нема да ја имаме-наведе Димитриевски.

На отворањето присуствуваше и директорот на јавното претпријатие Куманово паркинг, Фадиљ Шабани кој истакна дека се работи на проекти, за да се реши проблемот со недостаток на паркинг места.

-После пуштање во употреба на оваа мотажна катна гаража ние како јавно претпријатие заедно со градоначланикот веќе сме во развојна фаза на проектите, после оваа гаража за неколку денови ќе го пуштиме и паркингот кој се наоѓа зад хотел Куманово и продолжуваме и понатаму веќе ги правиме проектите за паркинг места и зоната Б и Ц оваа година ќе ја завршиме-нагласи тој.

Во рамки на катната гаража, по одлука на инвеститорот е планирана и изградба на јавен тоалет, кој веќе од наредните денови ќе започне да функционира.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)