(ФОТО) ОУ „Крсте Мисирков“ прогласи првенци на генерација

Основното училиште Крсте Мисирков денеска на свечена манифестација за прв пат, прогласи првенци на генерацијата, деветто одделенците во оваа учебна година.

Дипломите и плакетите на најдобрите ученици им ги додели директорот на училиштето, Александар Јовановиќ. Признанија добија и наставниците, техничкиот персонал, но и пријателите на ова училиште.  

Директорот на оваа образовна установа истакна дека е задоволен од постигнатите резулатати, за што зборуваат и добиените награди и признанија, но и бројните проекти на кои што работи училиштето.

-Учествувавме на многу натпревари освоивме многу награди, државни, меѓународни, сето тоа не можевме да ја немавме несебична поддршка на родителите, приватните стопанственици, и сакам и идната година да продолжиме да работиме заедно-истакна Јовановиќ.

Титулата првенец на генерација за учебната 2018/19 година и припадна на ученичката Ева Маркоска.

-Ова всушност е нова крстосница во мојот живот, имам да кажам големо благодарам на моите професори, директорот, првенствено родителите, но зад мојот успех се крие моето учење и константно повторување. Планирам да ги следам стапките на мојот татко и баба, да запишам медицина-истакна таа.

За музичката точка на оваа свеченост се погрижи хорот при училиштето предводен од наставничката по музичко образование, Милена Митковска.

Коментари

коментар(и)