(ФОТО) ОУ „Крсте Мисирков“ пушти во употреба мини атлетски полигон

Во основното училиште „Крсте Мисирков“ се пушти во употреба мини атлетски комплекс, односно простор за скок во далечина, сектор за фрлање на ѓуле и терен за одбојка.

Директорот на училиште Александар Јовановиќ истакна дека дошле на идеа руинираниот простор, целосно да го уредат и да создадат нови терени кои можат да придонесат за развој на спортот.

-Потреба е пред се да се има ваков сегмент за вежбање бидејќи претходно овие атлетичарски елементи ги работеа професорите на атлетскиот полигон во Соколана , сега со изградба на овие два сегмента се олеснува и наставата, односно работата за дополнителна настава за талентирани ученици.  Овој проект го завршивме со донации и со сопствени средства на училиштето, благодарност до родителите кои помогнаа, градежната фирма и секако приоритет ни е да обезбедиме подобри услови за нашите ученици-истакна тој.

Професорот по физичко образование и заменик директор Југослав Спасиќ верува дека овој мини атлетски полигон, ќе ги потикне учениците уште повеќе да се вклучат во спортските активности. Тој се осврна и на формирањето на училишниот спортски клуб, кој постои 5 години, и засега дава одлични резултати.

-Морам да спомнам дека работиме во повеќе сегменти, кошарка основно со кое стартувавме и сега веќе ги пријавивме и во Вардар лига, работиме забавна атлетика како основа на спортови од одделенска настава. За потреби на ученици кои не можат да се бават со спорт веќе формиравме група за деформитет односно корекција од лошо држење  и деформитети за децата исто во мала сала за сите од прво до дветто одделение, а веќе сметаме дека од второ полугодие ќе започнеме со настава по пливање кое ќе биде два пати неделно и тука-нагласи тој.

Професорот по физичко образование и претседателот на Сојуз на спортовите на Куманово Филип Колевски дополни дека секој новоизграден терен ќе придонесе за нови здрави генерации.

-Се радуваме и ќе помогне многу не само за спортот туку и да се доловат оние елементи повеќето деца што не се талентирани во образованието не може да искусат како е учеството во тие дисциплини затоа што не може соодветно да се изведат во училишните сали сега ќе може да обрнеме внимание, да растеретиме сала за да има адекватни услови за работа и внатре и надвор, децата да се изведуваат на отворен воздух што е нешто што го забораваме и е многу важно и ќе биде големо искуство и плус за талентирани ученици ќе овозможи многу почесто подготвување на технички дисциплини што ќе ги подготвуваат на првенствата-потенцираше Колевски.

Училиштето Крсте Мисирков минатата година ја реновираше малата сала, а е во план да ги подобрат условите за работа и во истурените паралелки во Соколана и Карпош.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)