ФОТО: Прво незаборавно планинско рели на козјачкиот регион

Триесетина теренски возила и исто толку крос мотори учествуваа на првото ревијално возење по козјачкиот регион, кое се одржа вчера по повод 11-ти октомври, а го организираа  друштвата Оффроад клуб Куманово и МК Хард Ендуро Куманово.

Тие поминаа повеќе од 80 километри низ прекрасните планински предели, почнувајќи од Пелинце, Жегљане, Длабочица, Герман, опсерваторијата Кокино, бањата Стрновац,  за да рутата заврши повторно пред меморијалниот центар АСНОМ.

-Оваа година e пробна,  се надеваме дека дружење наредната година ќе има повеќе посетители. Годинава гости имаше од Скопје, Струмица, Кочани, Крива Паланка, Штип, така што засега е добро, задоволни сме. Најбитно од се е што помина без никакви инциденти, како што треба. Буквално нема вакви манифестации, ова е самоиницијативно од нашето друштво со помош на гостите им се заблагодарувам што за прв пат ни дадоа поддршка за да успее ова сега- изјави Милован Мишевски, учесник.

Организаторите се надеваат дека оваа спортска манифестација наредните години ќе стане традиционална и ќе добие димензија на привлекување што е можно поголем број вљубеници на овој спорт.

Коментари

коментар(и)