Основното училиште „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо денеска организираше прием на 138- те првачиња кои што ја започнуваат оваа учебна година.
На првоодделенците со богата културна програма им беше посакано топло добредојде во училишните клупи, а нив и нивните родители ги поздрави директорката Лидија Костиќ.