(ФОТО) Се одржа еко маскенбал во ОУ „Христијан Карпош“

Во основното училиште „Христијан Карпош“, денеска по повод 1-ви април, Денот на шегата, се одржа еко маскенбал.

Манифестацијата воедно е и по повод координативната средба која што ја организира училиштето во рамки на проектот „Здрав начин на живот- здрави животни навики“, кој се реализира со училишта од осум држави.

Имено во училиштето во моментов престојува делегација од 13 наставници и 17 ученици од Португалија, Шпанија, Италија, Турција, Полска, Романија и Литванија.

-Покрај работилници кои ќе се одржат во училиштето, предвидени се и активности на базенот, спортската сала, сите активности се насочени кон создавање на здрави навики за живот. Дел од активностите што ги прави училиштетот, денеска е и еко маскенбал, кој се одржува во нашата сала, каде имаме групни маски на ниво на секоја генерација, прво, второ и слично. Тоа ќе го проследиме денеска и еден преубав настан-истакна директорката на ОУ „Христијан Карпош“, Лидија Костиќ.

Проектот „Здрав начин на живот- здрави животни навики“ е дел од Еразмус плус програмата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)