(ФОТО) Се отвори изложбата „Портрети на градоначалници на Куманово“

Поранешни градоначалници и други успешни и истакнати личности денеска присуствуваа на отворањето на изложбата насловена „Портрети на градоначалници на Куманово“, на авторот Борче Тодоровски од Прилеп.  

Изложбата е во рамки на програмата за одбележување на 11-ти ноември, Денот на ослободување на Куманово и 500 години од постоењето на градот, а ја организираше Фондацијата за култура и спорт.

Обраќајќи се пред присутните, актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски истакна дека претходните генерации оставиле траен белег за градот и државата.

-Многумина велат дека во Куманово недостасуваат многу работи, но сепак вие направивте да бидеме први во едно вашите предци направија Куманово да биде тоа што е денеска, најголемиот град во независна Македонија, најголемата општина во Република Северна Македонија. На Куманово му недостасуваат многу работи, но ние младите генерации сме тука да продолжиме таму каде што застанавте вие. Од скромноста на авторот Борче, кој е човекот кој ги наслика првите македонски пари во независна Македонија, не можете да слушнете зборови но ќе ги видите делата-истакна градоначалникот на Куманово.

Димитриевски го честиташе значајниот јубилеј, посакувајќи сите и во иднина да продолжат заедно да даваат несебичен придонес за Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)