(ФОТО) Се прослави Мала Богородица во Матејче

Голем број верници денеска го прославија големиот христијански празник Мала Богородица во истоимениот манастир во село Матејче. По предвидената богослужба во црквата беше осветена вода и се пресече кумскиот колач. Оваа година кум покровител на славата беше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, додека кума Марина Станојковиќ, која од 2001 година е раселена од Матејче.

Градоначалникот Димитриевски истакна дека ова свето место во историјата минало низ тешки периоди, но сепак граѓаните се тие кои можат да го вратат сјајот. Изрази благодарност до МПЦ што покажала интерес заеднички да се одбележи овој значаен празник.

-Драго ми е што интересот за традицијата кој во континуитет се негува сите овие години од граѓани ентузијасти, продолжува, се зголемува и еден ден да го видиме сјајот на манастирот на Матејче во една стара слика и светло. Како што гледате условите се тешки, нема пат, успеавме благодарение на донатори го корегиравме патот за да може да се стигне до тука, самата природа си го направила своето и овде на секој чекор се чувствува одредена светост и топлина и енергија-нагласи тој.

Кумата Марина Станојковиќ која поттекнува од Матејче, се надева дека ќе се најде начин за уредување на манастирот.  Таа се радува што секоја година е се поголем бројот на верници.

-Многу сум среќна и задоволна, имав желба бидејќи мажот ми е од село Матејче и многу сакавме да видиме, ни се оствари оваа желба.  По втор пат сме кумови во манастирот, се надевам дека уште ќе бидеме. Оваа година има повеќе народ, секоја година е поголем бројот-дополни таа.

Манастирот „Света Богородица“ во Матејче е еден од најстарите и најзначајните верски објекти во регионот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)