(ФОТО) Сиљановска ја претстави програмата пред кумановци

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, викендов ја презентираше програмата пред кумановци и ја побара нивната поддршка.

Таа истакна дека во Собранието има пратеници кои носат претходно договорени одлуки, па само чекаат да го притиснат копчето. Се осврна и на Преспанскиот договор кој го склучи владата на СДСМ, нагласувајќи дека во меѓународното право јасно стои дека со меѓународен договор не може да се прекрши Уставот на ниту една држава.

-Во парламентите се учи демократијата, не можете да учите само од една книга, партија, коалиција,  треба да се гради државнички консензус за сите прашања. Можеше да го научиме ова од нашите соседи Грци, тие пред да пристапат кон потпишување на Преспанскиот договор, собраа се што е умно и што знае низ Грција, над 60 експерти. Ние се уште не знаеме кој стои зад овој договор, не ја знаеме процедурата, не ги знаеме решенијата-нагласи таа.

Посочи дека волјата на граѓаните на 30-ти септември за референдумското прашање не е испочитувана и дека нашите предци не се бореле за Северна Македонија.

-Секогаш кога пред мене на маса ќе се најде закон што по консултации со експертите ќе заклучиме дека го крши Уставот, нема да го потпишам, ќе се ставам вето, но ќе побарам заради граѓаните, да го образложам пред пратениците, оти имам право на обраќање, па нека процени народот дали се моите аргументи во ред или на оние кои заради послушноста несакаат да го разгледаат уште еднаш или да го вратат на доработка, тогаш ќе докажам дека сум од народот и за народот. Ќе барам многу пати да се обраќам до Собранието, не еднаш не два пати оти многу проблеми се натовариле не можам да ги набројам, здравство, образование, лица со посебни потреби, млади -дополни Сиљановска.

Побара масовна мобилизација и обединетост на граѓанитe за како што рече, да се врати правдата и правдината во Република Македонија.

Пред присутните кумановци се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој посочи дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ  ќе се базира на три суштински вредности, подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, економија и ширење на националниот дух и ширење на македонзимот.

-За да си ја вратиме татковина која си ја сакаме, на вистинската патека, победата на 21 ви април нема да биде доволна, потребна ни е победа на 5 ти мај, голема победа, а потоа како што кажа идниот претседател на Република Македонија, професорката ќе му дадеме шанса на Заев да распише предвремени парламентарни избори, а на нив го голема резултатот најголемата политичка коалиција во независна Македонија ќе ја добие рекордната поддршка од граѓаните-нагласи тој.

Говорејќи за претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше дека станува збор за најинспиративниот професор на универзитетот Кирил  и Методиј. Професор кој несебично го споделил своето знаење со генерации студенти на правниот факултет.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)