(ФОТО) Со проектот „На патот“ до поубав регион

Мурал насловен „Козјак“ од неодамна го разубавува ѕидот на основното училиште „Крсте Мисирков“. Уменичкото дело кое го изработи академскиот сликар Дејан Божиновски – Коска е во рамки на проектот „На патот“, кој го реализира локалната акциона група АБЕР 2015, а е финансиран од швајцарската амбасада.

Проектот има за цел да им даде поддршка на уметниците, но воедно и да ја развие свеста кај локалната власт и бизнис заедницата, да го искористат креативниот потенцијал и заедно да придонесат за поубава животна средина.

-Самиот мурал е насликан во два дела, од едната страна е претставено природното богатство кое го има кумановскиот регион, а коешто е малку искористено, планината Козјак, додека од другата страна се поставени пингвини, како сугестија за можните климатски промени, и негативните ефекти кои што ги носат, а се со цел намерно е поставено пред вратите на училиштата, за да децата бидат свесни за важноста за одржување на животната средина-истакна координаторот на проектот, Дејан Ѓорѓиевски.

Во рамки на проектот во Старо Нагоричане веќе е поставена и скулптура „кавалџии“ од Горазд Стојменов.  Од здружението се надеваат дека ќе се изродат уште многу други креативни идеи, за изработка на дела надвор од галериите.

-Планираме наскоро да поставиме уметнички дизајнирани билборди за ресторани, претежно ресторани што се членови на нашето здружение, имаме идеа да извршиме интервенција врз автобуските постојки да бидат уметнички дизајнирани, украсени-нагласи тој.

Локалната акциона група делува во општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)