Францускиот амбасадор во посета на Куманово

Кризата во државата што побрзо да се разреши и да се овозможи локалните власти да функционираат без проблем , порача денеска амбасадорот на Република Франција во Македонија, Кристијан Тимоние кој беше во работна посета на општина Куманово. Амбасадорот смета дека средбата е во интерес на Куманово, а се разговарало за мултиетничноста на градот , соживотот и соработката.

Свесни сме дека дијалогот мора да продолжи и дека стабилноста треба да биде одржана сето тоа треба да оди во насока да се разреши оваа криза и јас сум оптимист дека тоа ќе се случи. Секако фунцкионирањето на власта на локално ниво е исто така многу важно и би сакал да повикам да се разреши оваа криза затоа што се работи за голема одговорност и би требало да се овозможи локалите власти да функционираат без проблем – изјави Кристијан Тимоние, амбасадор на Р.Франција во РМ

Улогата на претседателот во разрешување на кризата, улогата на меѓународната заедница, бидејќи едни од главните столбови на Европската унија се знае се Германија и Франција и нивното мислење и нивното влијание на активната политика во Македонија не е безначајно, напротив мислам дека е доминантно и дека нашите погледи треба да бидат вперени во Брисел, а ние пораките ќе ги добиеме преку амбасадорите. Така да денеска сум задоволен што амбасадорот даде пооптимистичка варијанта дека ќе оди поспоро, но сепак ќе има разрешница на овој гордиев чвор кој полека полека се закомплицира на политичката сцена, меѓутоа неговото искуство, перцепција е малку оптимистичко и мисли дека работите ќе се решат во наредниот период, не толку брзо, но се надеваме дека прогнозите ќе се остварат – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Денешната посета на Куманово ,амбасадорот Тимоние  ја искористи да се сретне со претставници на политичките партии ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, а ја посети и гимназијата Гоце Делчев , односно билингвалната паралелка со настава и на француски јазик.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)