Францускиот амбасадор во посета на општината

Група ученици и професори од  гимназијата  Гоце Делчев заминуваат во возвратна посета на француско училиште. По тој повод амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние и градоначалникот Максим Димитриевски остварија средба со учениците и надлежните од гимназијата. Посетата се реализира во рамки на долгогодишната  соработка со францускиот културен центар и со амбасадата. Претходно Тимоние со градоначалникот во општината разговараше за досегашните и продолжување на проектите кои Куманово ги реализира со француската амбасада.

-Разговараме и за можна соработка преку невладините организации преку кои ќе бидат вклучени припадници од сите етнички заедници од Куманово-изјави Максим  Димитриевски, градоначалник на Куманово

На средбата градоначалникот и амбасадорот зборувале и за отпочнување на нови проекти, при што граѓаните на двете држави ќе имаат можност за меѓусебно запознавање и соработка.

-За нас, Куманово мора да биде симбол на успешна Македонија, бидејќи со различните заедници кои што живеат во општината, со културната традиција, со историјата, градот Куманово треба да покаже дека е град кој чекори кон Европа – изјави Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција во РМ

Димитриевски го информирал францускиот амбасадор  и за тековните инфраструктурни проекти, но и  плановите за развој на општината.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)