Фрлени педесетина тони сол на улиците во градот

Првата снежна покривка донесе и отежнато одвивање на сообраќајот. Но, за разлика од вчера кога улиците, а посебно тротоарите беа лизгави, во текот на денот се работеше на нивното расчистување. Повеќе од 50 тони сол и ризла се фрлени последниве 24 часа по улиците во Куманово. За зимско одржување на улиците се задолжени кумановската фирма „КООП Инженеринг“  која ја одржува западната зона од градот и фирмата „Катинг“ од Скопје, која досега потрошила 35 тони сол  за улиците во источната зона. Градот е поделен на две зони поради пофункционално одржување на патната инфраструктура во должина од околу 190 километри.

– Во моментов работат 4 соларки, друга механизација не е употребена бидејќи снежната покривка не е многу голема, меѓутоа се очекува дека во наредните денови ќе има леден дожд, а ние ќе бидеме подготвени да одговориме со солна маса и течности кои на некој начин ја штитат подлогата до определено измрзнување. Приоритет е централното градско јадро, потоа улиците кои водат кон економските  капацитети, стопанските, за да не се наруши тековното работење на стопанските субјекти, а во текот на денот  се работи на расчистување на приодните патишта зависно од капацитетот на механизацијата која досега се покажа дека го задоволува ток капацитет на работа, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Зимскиот период е препознатлив по голем број сообраќајни незгоди, но и скршеници кај граѓаните заради што градоначалникот Дамјановски денеска упати апел за претпазливо движење по улиците.

 -Ја користам приликата да ги предупредам граѓаните, покрај тоа што локалната самоуправа ќе преземе се во однос на зимско одржување , претпазливо возење е основен услов за да се намали бројот на сообраќајните незгоди бидејќи во овој период има голем број на сообраќајки а и движењето по пешачките патеки исто така треба да биде претпазливо бидејќи во овој период секогаш има голем број на скршеници кај граѓаните , изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Освен фирмите ангажирани од општина Куманово, за одржување на градот во зимски услови се грижи и јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ . Работници од ова претпријатие денеска го расчистуваа  снегот на јавните површини, на грдскиот плоштад, пред институциите, на автобуските постојки и слично.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)