Фрлен пепел на улицата „Пионерска“ запали контејнер

Пепел кој жител на улицата Пионерска во близина на соборниот храм Свети Никола го фрлил во контејнер, денеска предизвика мал пожар. Двајца пожарникари при Територијалната противпожарна единица Куманово со едно противпожарно возило во 12 часот,  интервенираа на терен и го изгасија запалениот контејнер.

Сличен настан завчера оштети нов камион за смет на јавното претпријатие Чистота и Зеленило, откако возачот и двајцата работници ја почнале смената, собирајќи смет од улиците во центарот, забележале дека гори сметот во камионот.

Даниел Стојчевски, директорот на Чистота и Зеленило посочи дека последниов месец често се случува садовите за смет да се запалуваат од непрописно исфрлен смет, поради што апелира кумановци да внимаваат при исфрлање на сметот во контејнерите бидејќи освен што може да настане материјална штета на камионите на „Чистота и зеленило“ , може да се доведе во опасност животот на вработените. 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)