ФСУ: Куманово е град на талентирани атлетичари

Федерацијата на училишни спортови, денеска ,во Куманово, организираше државен атлетски натпревар во машка и женска конкуренција, на кој учествуваа ученици од средни училишта од повеќето градови во Република Македонија. Имено, учесниците од Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци и другите градови, се натпреваруваа во сите атлетски дисциплини: скок во височина и далечина, трчање на 100 и повеќе метри и фрлање на ѓуле.

Претседателот на Федерацијата на училишни спортови, Александар Туфекчиевски, го поздрави придонесот на Општина Куманово во полето на атлетиката. Тој потенцираше дека по Скопје, Куманово е град со најголем број талентирани атлетичари.

– Традицијата успејавме да ја задржиме. Куманово во атлетиката дава еден сериозен подем во последниве години така да и ова државно првенство кое се оддржува секоја година во месец мај, е една добра влечна сила не само за средните училишта, туку и за основните училишта, кадешто атлетиката полека заживува и нормално она што значи придонес за спортот се прави преку овие манифестации, изјави Туфекчиевски.

Учесниците на натпреварот, во најголем дел се ученици од средни училишта кои покрај со атлетика, активно се занимаваат и со други спортови. Тие се надеваат дека ќе успејат во вистинско светло да ги претстават училиштето и градот од кој доаѓаат.

Туфекчиевски се надева дека традиционалните  училишни натпревари кои се спроведуваат веќа 50 години наназад, успешно ќе продолжи и во иднина.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)