Фудбалер на Куманово Еуроспорт потпиша за Динамо Загреб!

18-годишниот фудбалер на Куманово Еуроспорт Филип Антовски, е нов член на Динамо Загреб.

Филип Антовски ги помина сите младински категории на Куманово Еуроспорт, беше дел од младинци и првата екипа на „Вардар“ каде одигра неколку натпревари за најтрофејниот клуб, како и стандарден репрезентативец на Македонија до 19 години.

Настапува на позицијата лев бек, но може да игра и како крилен фудбалер по левата позиција.

За потсетување, досега од фудбалската школа од нашиот клуб имаат излезено неколку фудбалери како што се Столе Димитриевски – Рајо Ваљекано (Шпанија) и репрезентативец на Македонија, Филип Антовски – Динамо Загреб и репрезентативец на Македонија У19, Давид Денковски-Академија Пандев и репрезентативец на Македонија У19.

Во клубот моментално тренираат околу 160 фудбалери и се на добар пат да обезбедат учество во Прва Македонска лига. Имаат учествувано на многу меѓународни турнири во сите категории,со освоени 1-места,медали и пехари.

Фудбалскиот клуб Куманово Еуроспорт има склучено договор и соработка со прволигашот Академија Пандев.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)