ХИВ караван на Градскиот плоштад

На Градскиот плоштад денеска се одржа ХИВ караван и форум театар, кој го организираат Интеретник проект од Гостивар и Плус од Куманово, а е дел од проектот Одржување ниска преваленца на ХИВ во Република Македонија-одржлив развој“. Целта на караванот е да се запознаат граѓаните со превентивни програми поврзани со ХИВ сидата и хепатитисот, како и нивната работа со целните групи на сексуални работници, нивните семејства и корисниците на дроги.

-Заедницата треба да дојде поблиску до овие програми кои се имплементираат во вашиот град и за да ги подржуваат затоа што тоа е за општа корист за  целата општина и за сите кадешто се имплементираат овие програми посебно поради фактот што во 2016 година Глобал фонд прекинува да ја подржува Република Македонија како земја за поддршка на овие програми-наведе Александра Наумчевска, претседател на организацијата Интеретник проект од Гостивар.

Организаторите истакнаа дека вакви каравани се одвиваат низ 12 градови низ државата, а се под мотото Знаењето дава можности, поддршка, резултати.

-Од истражувањето секаде каде што се имплементираат програмите прво се прави истражување на Светска здравствена организација и според нивните податоци граѓаните не се доволно информирани и не знаат доволно за овие програми, само оние кои се директно засегнати тие ги знаат програмите-додаде таа.

На хепенингот поддршка му дадоа и неколку локални изведувачи кои настапија со свои точки. Кумановци ја проследија и драмската претстава, која обработуваат ситуации, релевантни за оваа проблематика. Тие добија и брошури и флаери за да се запознаат со програмите и резултатите кои ги постигнаа овие организации.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)