Хрватски Форум со хуманитарна акција

Младинската организација Хрватски Форум во четврток неделава ќе ја организира првата хуманитарна акција, а собраните средства и облека ќе бидат наменети за ранливите категории граѓани. Акцијата во Куманово ќе се одржи од  13 до 17 часот пред Космо Тинекс, информира еден од координаторите на Хрватски Форум, Теодора Димитровска, студент на Правниот факултет во Скопје.

-Ќе има хуманитарна акција заедно со Црвен крст кој што ќе ни помогне со своите волонтери и заедно ќе собираме облека и средства за деца на кои што најмногу им е потребно кои што подоцна Црвен крст ќе ги достави до нив и плус парични средства за малата Симона на која што највеќе и е потребно. Мислевме дека овде е најдобра локација затоа што тука е најпрометно, најмногу луѓе можат да не видат и можат да не следат и на нашите страни Хрватски форум на Фејсбук и да го видат настанот кој што ќе го постираме и условите кои што можат сите да се приклучат. Нашава организација е од отворен тип и во неа можат да учествуваат сите заинтересирани. Ги повикувам сите граѓани на град Куманово да дојдат и да бидат хумани затоа што хуманоста е света работа и со таа работа можеме да очекуваме само еден нов и подобра прогрес во општеството, изјави Теодора Димитровска, еден од координаторите на Хрватскиот Форум

Хрватски Форум е млада организација формирана од страна на неколку студенти кои што имаат желба да разговараат за најактуелните прашања кои го загрижуваат нашето општество, посочува Димитровска.

Освен во Куманово, хуманитарни акции во четврток во истиот временски период ќе бидат организирани и во Скопје, Тетово и Гостивар.

Коментари

коментар(и)