„Христијан Карпош“ во проект со 38 училишта од светот

Основното училиште Христијан Карпош од населбата Перо Чичо годинава го спроведува проектот „Ајде да зборуваме англиски“, во кој се вклучени 38 партнер училишта од светот. Проектот е одобрен од Националната агенција за образовни програми и мобилност на Република Македонија. Во рамки на истиот изминативе денови тие имаа посета на делегација од 15-ина ученици и наставници на училиште од Истанбул, Република Турција. Учениците имаа можност заедно да се работат, учат и другаруваат.

-Ученици заедно со нашите работеа на заеднички тематски работилници онлајн конференциски средби и други активности со единствена цел да се воочи важноста за изучување на англискиот јазик. Ние како наставници би сакале нашите ученици да гледаат кон англискиот јазик како неопходно средство за комуникација помеѓу припадниците на различни националности а не како на само уште еден училишен предмет. Како заедничка активност секој месец имаме тема на која работиме овој месец темата ни е пријателство, тие истражуваат за сличности и разлики помеѓу двете наши држави и подоцна креираат различни постери за пријателчство и како се чувствуваат во овој проект-посочи Ана Нојковска, професор по англиски јазик во ОУ Христијан Карпош.

Креаторката на проектот Озлем Толар, истакна дека за прв пат доаѓа во Македонија. Посочи дека многу им се допаѓаат градот и државата, како и комуникција и отвореноста на учениците.

-Проектот се вика ајде да зборуваме, со посебен акцент на развивање на вештините за изразување и активна употреба на англиски јазик со цел комуникација-нагласи таа.

Во рамки на проектот е планирана и возвратна посета во Истанбул која би требало да се одржи наредната година. Инаку во проектот освен Христијан Карпош е вкучено и основото училиште Толи Зордумис од Куманово, а останатите се образовните установи од Турција, Велика Британија, Италија и Шпанија.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)